Охрид, 31. март 2026 (ИНПРЕС) – Со 15 златни, 13 сребрени, 14 бронзени медали, 2 пехари за најдобри поединци и пехар за трето место севкупен пласман се вратија теквондистите на Македонската традиционална таеквондо федерација од Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2026” во соседна Албанија.
Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ боите на Македонија ги бранаеа 29 натпреварувачи од пет клубови на МТТФ. На натпреварот учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји до Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина.
– Како претседател на федерација сум премногу горд на овој успех и сум блаогдарен на нашите натпреварувачи што дадоа сѐ од себе да ја претстават Македонија во најубаво светло. Во дисциплината Бест оф д бест над 18 години се бореа Теодора Митреска, Владимир Димитриевиќ, Божидар Димитриевиќ освојувајќи награди од по 100 евра. Благодарност до генерлниот спонзор ПН Метал и Општина Охрид кои не подржуваат во нашите напори да се качуваме по скалите на успехот, истакна претсетаделот Лазаревски.
Остварени резултати вкупно:
Хва Ранг ИТФ 8 златни, 4 сребрени, 3 бронзени медали + 2 пехари за најдобри поединци
Гебек 4 златни, 5 сребрени, 4 бронзени медали
Сонкал 2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали
Мастер 1 златен, 2 сребрен, 1 бронзен медал
Чонџи 2 бронзени медали
Пехар за освоено трето место севкупен пласман.
Следен предизвик за МТТФ е учество на Европско првенство на Крит, што ќе се одржи од 19-ти до 26 април, а боите на Македонија ќе ги бранат 7 натпреварувачи. (Крај)
извор: ИнПрес фото: МТТФ
