Охрид, 2. април 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е над просекот за овој период од годината.
Според последните мерења, нивото на водата е на кота од 693,67 м.н.в, што е за 10 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,57 м.н.в) и 57 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Во првата половина на минатиот месец езерскиот водостој беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележеше намалување. Последнава недела се бележи раст од еден сантиметар. Се очекува врнежите од дожд да го покачат нивото.
Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 7 степени. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
