Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

1 min read
Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Охрид, 2. април 2026 (ИНПРЕС) – Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година.

Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август.

Согласно објавениот конкурс, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 697 полуматуранти, што е за 86 ученици помалку во однос на ланскиот конкурс.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 136 места за идните средношколци.

Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 134 ученици од кои 109 во сектор економија, право и трговија и 25 во сектор здравство и социјална заштита.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 302 слободни места, во 11 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање. Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 125 ученици во 5 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk, по што, потребната документација се доставува до училиштата.

Во јунскиот уписен рок има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок има едно пријавување што ќе се реализира на 20 август.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки што се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Нивото на Охридското Езеро е за 10 сантиметри над априлскиот просек
Next Се подготвува проект за уредување на малото пристаништето пред хотел „Палас“ и Градското пристаниште

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.