Охрид, 3. април 2026 (ИНПРЕС) – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја укина забраната за пиење вода од четири артериски чешми во Охрид, лоцирани на булевар „Туристичка“, во дворот на ОУ „Григор Прличев“,во населба Воска и чешмата во градскиот пазар (до месарницата).
Ова е одлучено врз основа на резултатите од повторените лабораториски тестирања, извршени од Центарот за јавно здравје Охрид, со кои е потврдено дека примероците ги задоволуваат физичко-хемиските и микробиолошките критериуми за безбедност.
На 24-ти март беше донесена забраната за пиење на водата од овие чешми по извршениот инспекциски надзор и констатирана микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.
Најновите резултати потврдуваат дека водата повторно е безбедна за пиење. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
