Охрид, 8. април 2026 (ИНПРЕС) – Дебарско – кичевската епархија го објави распоредот на богослужбите за претстојните Велигденски празници.
По Часови и Преждеосвештена литургија во храмовите Св. Георгиј и Св.Богородица – Каменско што се одржа утринава, од 17:00 часот ќе има Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид.
Утре, на Велики четврток од 07:00 часот во сите парохиски цркви ќе има Утрена со Василиева литургија со општ маслосвет. Архиерејска Всилиева литургија ќе има во храмот Св.Богородица Перивлапта од 08:45 часот. Вечерта од 18:30 часот Бдение со читање на 12-те Страсни Евангелија. Митрополитот Георгиј ќе богослужи во црквата Св.Георгиј во Струга.
На Велики петок – Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 07:00 часот. Митрополитот Георгиј ќе богослужи во црквата Св.Георгиј во Охрид. Вечерта од 18:00 часот – „Оплакување и опело на Христа“. Митрополитот Георгиј ќе богослужи во црквата Св.Богородица – Каменско.
Во сабота, во сите парохиски цркви ќе се служи Василиева литургија, со почеток во 08:30 часот.
Воскресната богослужба по повод големиот празник Велигден, во сите градски цркви ќе започне во 23:30 часот. Архиерејска литургија во манастирот Св.Климент и Пантелејмон – Плаошник. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
