Охрид, 20. април 2026 (ИНПРЕС) – Членови на Македонска традиционална таеквондо федерација учествуваат на Европско ИТФ првенство што се одржува во Хераклион на Крит, Грција.
Под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски боите на нашата репрезентација ги бранат Давид Крстески, Теодора Митреска, Климент Богоески, Христијана Парулеска, Миа Танеска, Божидар Димитриевиќ, Владимир Димитриевиќ , а во склоп на репрезентацијата како судија ќе настапи Давид Велковски, официјално лице е Зоран Парулески.

Од репрезентацијата се надеваат на достојно преставување и постигнување добри резултати. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
