Охрид, 23. април 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на денешниот ден ќе се поставува нов вентил со профил ф 300 мм поради што делови од градот ќе останат без вода.
Поради технички причини најавениот прекин во водоснабдувањето (поради поставување на нов вентил со профил ф 300 мм) е преместен за денес.
– Ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15 Корпус“, дел од „7 ноември“ , „Живко Чинго“, „Рашанец“ село Лескоец и дел од „Кленоец“ од пресекот со улицата „7 ноември“ до пресекот со улицата „Железничка“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Овој прекин беше најавен за вчера,но поради технички причини е преместен за денес. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
