Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска

Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска

1 min read
Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска

Охрид, 23. април 2026 (ИНПРЕС) – Вечерва од 19:00 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојната изложба „Наследена носија“ на Мила Добревска.

Инспирирана од традиционалната орнаментика и вез, Мила ги преиспитува и прилагодува основните елементи на уметноста: боја, линија, површина, форма, материјал и простор користејќи рачно-моделирана цементна маса, површини посипани со стакло и иновативни техники на ткаење и сликање. Наследените вредности се преточуваат во нови форми кои смело се приклонуваaт кон современиот општествен контекст.

– „Наследена носија“ го пресликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во нови обележја на современото однесување. Во овој контекст наследените носии не се само облеката што ја носиме, туку и начинот на кој се претставуваме и како другите нè перцепираат, одразувајќи ги наследните особини и тенденции што нè прават препознатливи.

Изложбата се обраќа на помладата генерација како потсетник, токму за овие вредности и доблести кои остануваат нераскинлив дел од нас: добрина, љубов, критичка свест, истрајност и снаодливост. Овие карактеристики се претставени преку дуалистичка интерпретација на минатото и сегашноста, со споредби, хармонии, испреплетувања, создавајќи нови толкувања и адаптации, велат кураторите на изложбата, галеријата „Пионери“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Наместо вчера, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици
Next 91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

Слични вести

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид 91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.