Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • 91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

xr:d:DAFekzFCzYc:83,j:1000192308960824699,t:23061211

Охрид, 23. април 2026 (ИНПРЕС) – Од денеска до сабота во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид ќе се одржи 91 Средба на правниците, на која ќе биде опфатен широк спектар на актуелни теми од различни правни области.

Денес фокусот се прашањата од јавен интерес, меѓу кои темата за „Сејф сити“ како механизам за превенција на сообраќајната деликвенција или како инструмент за создавање дисциплинирано општество. Ќе се дискутира и за примената на Законот за управните спорови, со акцент на развојот, предизвиците и одлучувањето во спорови со полна јурисдикција. Дополнително, ќе биде отворена дебата за интерпретативните одлуки како новина во македонското уставно судство.

Утре ќе се дискутира за економските и социјалните аспекти на правото. Учесниците ќе разговараат за правните аспекти на заложното право и извршувањето, почнувајќи од обезбедување до наплата. Исто така, ќе се анализира соработката помеѓу судовите и центрите за социјална работа во постапките за доверување деца, како и антикорупциската рамка за јавните претпријатија, со акцент на транспарентноста и одговорноста.

Последниот ден ќе биде посветен на работното право, односно на престанокот на работниот однос и дисциплинските постапки, преку разгледување на законската рамка, судската пракса и практичните дилеми со кои се соочуваат правниците. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска
Next Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.