Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

1 min read
Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Охрид, 13. мај 2026 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална теквондо федерација (МТТФ) со седиште во Охрид за релативно кратко време  успеа да се наметне како една од најуспешните спортски федерации во земјава.

Според претседателот Марјанчо Лазаревски учеството на секое Европско или Светско првенство претставува огромен успех, а добивањето Решение за дејност спорт беше клучен момент, вели без него немаше да постојат субвенции, ниту пак резултатите ќе беа признаени од релевантните институции. Денес федерацијата може да се пофали со историски успеси на своите натпреварувачи, кои оставија силен белег во македонскиот спорт.

Во интервју за InPress и Супер радио со Лазаревски разговаравме и за интересот на младите за теквондото, иднината на традиционалното теквондо во Македонија, поддршката од институциите, како и за идните планови.

InPress: Ќе започнеме со најновите случувања, кон крајот на минатиот месец учествувавте на ЕП во Хераклион на Крит, Грција. Иако се вративте без медал, стигнавте до три четврфинални борби, сепак ова првенство беше значајно за вас. Кажете ни нешто повеќе.

Лазаревски: Учеството на секое Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, учествувме со сопствени средства и ова ни е седмо последователно учество на Европски првенства. За жал на  ова првенство не успавме да дојдеме до медал, но самиот факт дека имавме три четвртфинални борби, борби за медал, зборува за квалитетот на нашите натпреварувачи. Воедно на ова Европско првенство учествуваа натпреварувачи од Русија и Белорусија, што му даде поголема тежина на настанот.

InPress: Од почетокот на годинава учествувавте уште на неколку првенства. Како сте задоволни, колку медали беа освоени вкупно?

Лазаревски:  Натпреварувачката сезона ја зпочнавме со Државно првенство, каде силите ги одмерија натпреварувачи од сите клубови на МТТФ, пришто секоја година се подобрува квалитетот и се зголемува и бројот на натпреварувачи, што е показател дека федерацијата оди во нагорна линија. Потоа, учествуваме во соседна Албанија на „Тирана Опен 2026“, каде настапија 29 натпреварувачи од нашат федерација , освојувајќи вкупно 42 медали, од кои 15 златни, 13 сребрени, 14 бронзени, два пехари за најдобри поедници и Пехар за освоено трето место севкупен пласман.

InPress: Во 2023 година добивте решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација. Колку тоа помогна во досегашното функционирање, има ли предизвици со кои се соочувате?

Лазаревски: Добивањето Решение дејност спорт ни помогна премногу, без тоа не можевме да добиеме никакви субвенции, а и сите резултати не беа признати од релевантните фактори. После добивањето на решение се отворија нови клубови што придонесува за развој на нашиот спорт. Најголем предизвик се финансиите, поради редовното учество во ситемот на натпревари на ЕИТФ и ИТФ, повеќе пати сме приморани да одиме во помал состав.

InPress: Во вашите витрини имате голем број медали, имате истакнати натпреварувачи со постигнати одлични резултати, екипно и индивидуално, а ваши членови ја делат и правдата на престижни натпрвари. Кои се тие, кои се достигнувањата?

Лазаревски: Иако сме мали како федерација можеме да се пофалиме дека сме една од поуспешните, имаме и со што да се пофалиме, нашите натпреварувачи имаат направено историски успеси во македонскиот спорт, ќе напоменам само неколку од тие успеси

-Давид Крстески е првото дете од Македонија кое на 11 години се закити со медал од Европско првенство Римини 2019

-Христијана Парулеска е првото девојче во Македонија кое на 12 години се закити со медал од Европско првенство Пореч 2022.  Првото девојче што стана Европски шампион на 13 години, осовјувајќи златен медал во борби и сребрен медал во форми, со што доби Пехар за најдобра кадетка во Европа, кој е прв во македонскиот спорт за најдобар поединец во индивидуалните спортови.  Христијана дека беше европска шампионка на првенството во Јесоло-Италија 2023 година. Таа е првото девојче кое доби Св.Климентова повелба на 14 години.

– Прва репрезентација што ниту еден натправрувач нема изгубено во прв круг на Европско првенство Пореч 2022, а настапивме со 5 натпреварувачи, се вративме со 3 сребрени медали

Минатото Европско Првенство во Естонија и овогодинешното првенство на Крит, правдате ја делеше Давид Велковски, носител на црн појас втори дан и меѓународен лиценциран Б класа судија. На овие две Европски првенства Давид беше под посебен надзор од страна на главните судии, но го покажа неговиот квалитет на фер и непристрасно судење, со што беше пофален, а со тоа си го доби местото во судиската екипа на ЕИТФ.

InPress: Каков е интересот на младите во Охрид и пошироко за теквондо и како ги мотивирате да останат активни?

Лазаревски:  Интерсот на младите во Охрид е добар,а во Мислешево и Ресен расте бројот на членови, па се бориме да ги мотивираме да останат активни преку организирани демонстрации од страна на искусните натпреварувачи и со редовно учество на натпревари.

InPress: Каква е поддршката од институциите, локалната заедница за федерацијата?

Лазаревски:  Најголемата поддршка охридските клубови ја добиваат од страна на Општина Охрид, со што имаат можност да учествуваат редовно на натпревари, имаме понекогаш помош од спонзори и донатори, а најголемата помош ја добивме од генералниот спонзор ПН Метал, кој ни подаде рака кога бевме долу и не издигна во еден од најуспешните спортови во Македонија.

InPress: Како ја гледате иднината на традиционалното теквондо во Македонија?

Лазаревски:  Иднината на нашиот спорт , како и иднината на сите спортови во Македонија е тешка од финансикси аспект и од стручни кадри, ние како раковдоство додека можеме ќе се бориме да го подигнеме на што повисоко ниво нашиот спорт. Нé радува фактот што имаме нови црни појаси кои како што ви е познато некои отварат свои клубови некои се специјализираат за судиски правила, што покажува дека сме на добар пат.

InPress: Што може да очекуваме во периодот што претстои од федерацијата и од клубот?

Лазаревски: Она што можам да го најавам се учествата на Барлета Челинџ во Италија и Гранд При Зворник Опен 2026 во Босна и Херцеговина, како и шестото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец. Ќе се одржи на 20 јуни, со што ќе биде заокружена пролетната натпреварувачка сезона. Ова е особено атрактивен натпревар што од година во година привлекува сé повеќе натпреварувачи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Слични вести

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Отворен ден во РЦСОО „Ванчо Питошески“ Отворен ден во РЦСОО „Ванчо Питошески“

Отворен ден во РЦСОО „Ванчо Питошески“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.