Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

1 min read
Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

Охрид, 15. мај 2026 (ИНПРЕС) – По реакциите на охриѓани и апелите испратени до редакцијата на InPress објавени пред две недели, надлежните служби делумно интервенираа и ја искосија тревата покрај тротоарот кај поранешното игралиште кај Историскиот архив.

Граѓани повторно се обратија до нашата редакција, испратија фотографии од актуелната состојба. Велат сепак поголемиот дел од просторот и понатаму останува необработен, што повторно предизвикува незадоволство кај нив.

– Се гледа дека нешто е направено, но тоа не е доволно. Треба да се искоси целата површина, не само еден мал дел покрај тротоарот.

– Не е во ред покрај уреден двор на училиште да имаме ваква слика. Ова место заслужува да изгледа пристојно, велат граѓаните во дел од коментарите.

Уште еднаш предупредуваат дека високата трева може да биде засолниште за живина, а со доаѓањето на потоплите денови и потенцијален ризик од пожар. Бараат целосно средување на просторот.

Овој дел своевремено беше уреден, имаше и игралиште за деца, кое се користеше за спортски и други рекреативни активности. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.