Охрид, 15. мај 2026 (ИНПРЕС) – По реакциите на охриѓани и апелите испратени до редакцијата на InPress објавени пред две недели, надлежните служби делумно интервенираа и ја искосија тревата покрај тротоарот кај поранешното игралиште кај Историскиот архив.
Граѓани повторно се обратија до нашата редакција, испратија фотографии од актуелната состојба. Велат сепак поголемиот дел од просторот и понатаму останува необработен, што повторно предизвикува незадоволство кај нив.

– Се гледа дека нешто е направено, но тоа не е доволно. Треба да се искоси целата површина, не само еден мал дел покрај тротоарот.
– Не е во ред покрај уреден двор на училиште да имаме ваква слика. Ова место заслужува да изгледа пристојно, велат граѓаните во дел од коментарите.
Уште еднаш предупредуваат дека високата трева може да биде засолниште за живина, а со доаѓањето на потоплите денови и потенцијален ризик од пожар. Бараат целосно средување на просторот.
Овој дел своевремено беше уреден, имаше и игралиште за деца, кое се користеше за спортски и други рекреативни активности. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
