Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На 21-ви и 22-ри јуни ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

На 21-ви и 22-ри јуни ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

1 min read
На 21-ви и 22-ри јуни ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Охрид, 18. мај 2026 (ИНПРЕС) – Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по седми пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, Фестивалот на планината и езерото 2026 година, кој ќе се одржи на 20 и 21 јуни.

– Авантурата започнува во сабота на 20 јуни со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, со што ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, 21 јуни. Настанот продолжува во попладневните часови, со логорување во месноста „Корита“ каде што се организира камп со логорски оган и уживање со звуците на гитарата, но и во вкусна традиционална храна. Во текот на вечерта присутните ќе се запознаат и со дел од приказната и интерсни случи на планината Галичица, информираат организаторите.

Главниот настан, искачување до врвот Магаро ќе биде во недела, на 21 јуни, од 08:00 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста „Липова Ливада“ која се наога на 1.600 м.н.в. Патеката е во должина од 9 километри и во времетраење од 5 часа во двата правци.

Оваа година ќе се организира и полесна тура од истата стартна точка до врвот Лако Сигној, од каде се простира одличен поглед на двете езера.

– По искачувањето на врвовите, ќе се следи забава на плажа сé до зајдисонце. Не пропуштајте ја единствената можност во ист ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро, потенцираат од „Mountain Madness“.

Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Република Македонија, Охридското и Преспанското. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини.Со оглед на тоа што фестивалот вклучува повеќе настани, од вело тура, логорување, искачување на Магаро, забава на плажа… избор на учесникот е во која ќе се вклучи, а може да направи и комбинација. За време на акцијата за сите учесници влезот во НП „Галичица“ ќе биде слободен. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Учесниците одат на своја одговорност и за секое непочитување на маршутата и правилата поставени од организаторот сами одоговараат за последиците, стои во поканата до сите добронамерници.

За подетални информации сите заинтересирани можат да ги контактираат Танески Мишко на 070/771-193 и Голабоски Жанко на 075/607-608. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
Next Охрид во среда домаќин на студентската конференција СЕРВЕКО 2026

Слични вести

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош
1 min read

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“ Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски

Гудачкиот квартет „Атака“ во Белград ќе изведе дела од охридскиот композитор Гоце Гавриловски

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.