Охрид панорама од стариот дел пристаниште кеј центар
Охрид, 11. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во месец април 2026 година во Охрид биле издадени девет одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Во пет случаи како инвеститор се јавува физичко лице, додека четири одобренија се издадени на правен субјект. Предвидена е градба на 100 станови, најмногу двособни, со вкупна корисна површина од 6.090 м². Во анализираниот период во Општина Струга е издадено едно, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градба.
На ниво на Република Македонија, во април 2026 година издадени се 291 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 208 се наменети за објекти од високоградба, 27 за објекти од нискоградба и 56 за објекти за реконструкција. Од вкупно 291 објекти, на 197 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови, со вкупна корисна површина од 65.663 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
