Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во бомбашкиот напад во Суруч загинаа 27 лица

Во бомбашкиот напад во Суруч загинаа 27 лица

1 min read

Анкара, 20.јули 2015 (ИНПРЕС) – Најмалку 27 лица загинаа и околу 100 други се повредени денеска во бомбашки напад во градот Суруч во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

– Денеска, околу 12 часот, беше изведен терористички напад во градот Суруч, во округот Шанлаурфа. Според првичните сведоштва, 27 граѓани загинале. Стравуваме дека бројот на жртвите може да се зголеми, се наведува во соопштението на Министерството.

Во моментов во локалните болници се примени околу 100 ранети, се додава во соопштението.

Според турското Министерство, безбедносните сили ги презеле неопходните мерки за безбедност.

Министерстовото засега ги соопштува деталите за силната експлозија, ниту за тоа дали станува збор за терористички напад и кој би можел да стои зад него.

Меѓутоа, претставник на курдската опозициска Демократска партија на народите (ХДП) изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец.

„Хабертурк“ пак јави дека според првичните сознанија од истргата, нападот го извршил бомбаш-самоубиец, припадник на џихадистичката група Исламска држава.

Експлозијата се случила во дворот на Културниот центар „Амара“, во кој се оддржувала конференција. Најмалку 300 членови на Федерацијата на младински асоцијации на социјалистите са наоѓале во културниот центар, каде учествувале во летна акција за помош за обновата на сирискиот град Кобане, кој главно е населен со локални Курди, кои побегнаа во Турција, посебно во Суруч пред офанзивата на ИД.

Еден дел од бегалците се вратија во Кобане, откако градот беше ослобиден со помош на курдските борци, но дел од нив сеж уште се на турска територија. (Крај)

извор и фото:Утрински

Post navigation

Previous Грција се очекува да исплати 3,5 милијарди евра на Европската банка
Next Грција поскапува: цените во маркетите растат, се жалат туристите

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.