Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Виенски Стандард: Безбедносните структури на Србија и Македонија не се дораснати за големи кризи

Виенски Стандард: Безбедносните структури на Србија и Македонија не се дораснати за големи кризи

Виена, 28.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Би било опасно да се затвори границата кај Словенија и Хрватска, бидејќи со тоа Србија, Македонија и Грција би биле доведени во целосно неконтролирана ситуација, оценува денес виенскиот дневен весник Стандард и предупредува дека односите во регионот се влошени поради бранот бегалци.

Весникот пишува дека најмалото зло би било јакнење на десните политички сили и дека „ризиците се многу поголеми“, бидејќи „преоптоварувањето во мигрантската криза би можело да доведе до политички злоупотреби, насилство и растечка небезбедност“.

Стандард истакнува дека „Македонија и Србија не се само посиромашни, туку и понестабилни од Грција“, и тврди дека „тамошните безбедносни структури не се дораснати за големи кризи“.

„Македонската администрација е управувана од длабоки партиски интереси, и може во секое време да биде употребена за манипулации“, пишува весникот.

„Черчил Балканот го опиша како „мекиот стомак на Европа“, односно местото на кое стариот континент е најранлив, а тоа важи и денес“, пишува Стандард.

Виенскиот весник укажува дека кон средината на септември можело да се види на унгарската граница што се случува при затворањето на премините, потсетувајќи дека група млади луѓе, спремни на насилство, ја нападнаа полицијата и се обидоа на сила да минат преку границата.

„Ако се затвораат границите, тогаш може само од југот кон северот, во координација меѓу Грција и соседните Бугарија, Македонија и Албанија, која би можела да стане дел од следната рута. Бидејќи станува збор за Шенгенски граници, ЕУ би требало да помогне на границата со Турција“, подвлекува Стандард.

Според виенскиот весник, сега е важно да не се гледа на страна туку сериозно да се сфати преоптовареноста и стратегиски паметно и одговорно да се реагира за да не се загрози стабилноста во централна и југоисточна Европа.(Крај)

извор:МКД фото:архива

Post navigation

Previous ХРВ: Планот на ЕУ би можел да ја влоши ситуацијата
Next Во септември имало намалување на странски туристи во Бугарија

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.