Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Aгенцијата за вработување објави Повик за самовработување: Заинтересираните можат да добијат 5.000 евра неповратни средства

Aгенцијата за вработување објави Повик за самовработување: Заинтересираните можат да добијат 5.000 евра неповратни средства

1 min read

Скопје/Охрид, 10. мај 2023 (ИНПРЕС) – Агенцијата за вработување ги објави јавните повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година.

Како една од најпривлечните за невработените во изминатите години се покажа мерката самовработување со грант, преку која може да се добие неповратна помош за свој бизнис.

Преку оваа мерка невработените може да да аплицират за грант од 5 до 10 илјади евра

– Сите заинтересирани невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го формализираат веќе постоечкиот бизнис имаат можност да аплицираат за учество во оваа програма со која ќе бидат финансиски поддржани во износ до 307.500 денари. Доколку две невработени лица сакаат се здружат и да започнат сопствен бизнис или да го формализираат веќе постоечкиот бизнис како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, финансиската поддршка изнесува до 615.000 денари, информираат од агенцијата.

Голем интерес за самовработување во Крива Паланка | Сител Телевизија

Право на аплицирање имаат невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство, невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица поради корона вирус-мажи до 60 години и жени до 58 години и невработени лица повратници (повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување кои влегуваат во потенцијални повратници во иднина во општините Шуто Оризари, Штип и Прилеп).

За реализацијата на програмите, мерките и услугите за вработување оваа година се издвоени најмногу финансиски средства во износ од 1.972.045.915 денари, а планирано е да бидат опфатени 18.056 лица.

Аплицирањето трае до 19-ти мај, а заинтересираните треба да се обратат во подрачниот Центар за вработување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Одржани Регионалните спортски игри за ученици со специфични можности
Next Расте водостојот на Охридското Езеро, ама и понатаму е под месечниот просек

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.