Охрид, 4. август 2023 (ИНПРЕС) – Талентираниот кантавтор кој ги освојува срцата на публиката на глобално ниво со секое ново издание, Billie Eilish ја објави „What Was I Made For?“ од филмот „Barbie“.
Станува збор за песна која Billie ја компонираше самостојно, додека нејзиниот брат Finneas и’ помогна во делот на продукцијата.
Интимната и емотивна песна, во нејзиниот карактеристичен стил, трогателно ја нагласува важната порака и сентимент на самиот филм. Песната е дел и од „Barbie The Album“, полн со музички ѕвезди. Извршни продуценти на албумот се продуцентот Mark Ronson, добитник на седум Grammy награди, како и Оскар, и Greta Gerwig, сценарист и режисер на филмот.
Го гледавте ли веќе филмот за Барби? Ако не, меѓу ретките сте, затоа што и понатаму е една од главните теми во ShowBizz рубриките.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ!
извор: ИнПрес фото: архива