Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Љубљана, 8. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Словенечката полиција уапсила 21 лице во акција која медиумите ја опишуваат како најголема операција против мафијата во таа земја.
Во акцијата биле запленети 160 килограми кокаин и 130 килограми марихуана, додека полицајците трагаат уште по осомничениот Шипрон Хоџај. Словенечкото истражно биро соопшти дека дваесет и едно лице биле уапсени поради околу 400 кривични дела извршени во Словенија, Бугарија, БиХ, Србија, Македонија и на Косово. Шефот на полицијата во Копар Томас Пешоља изјави дека во акцијата значителна помош имале и од Европол.
Групата е осомничена за фалсификување пари во Бугарија, каде била откриена печатница за фалсификувани банкноти, подоцна дистрибуирани низ Европа, а и за шверц на најмалку 50 лица на територијата на Словенија.
Акцијата на словенечката полиција била истовремено спроведена во Копар, Изола и Пиран. (Крај)
извор: МКД.мк фото: архива
