Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во јануари во Охрид издадени 2 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Во јануари во Охрид издадени 2 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Во јануари во Охрид издадени 2 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Охрид, 11. март 2025 (ИНПРЕС) – Во месец јануари во Охрид биле издадени 2 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од нив по едно се на физичко лице и деловен субјект. Предвидена е градба на 17 станови со вкупна корисна површина од 981 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градење.

На ниво на Република Македонија, во јануари 2025 година издадени се 317 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 174 се наменети за објекти од високоградба, 50 за објекти од нискоградба и 93 за објекти за реконструкција. Од вкупно 317 објекти, на 178 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 станови, со вкупна корисна површина од 60.471 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Република Македонија во јануари ја посетиле 31.502 странски туристи, најмногу од Турција, Србија и Грција
Next Таеквондо клубот „Гебек“ од Ресен нов член на Македонската традиционална таеквондо федерација

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.