Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Концерт на Македонскиот брас квинтет вечерва во Охрид

Концерт на Македонскиот брас квинтет вечерва во Охрид

1 min read
Концерт на Македонскиот брас квинтет вечерва во Охрид

Охрид, 6. октомври 2025 (ИНПРЕС) – „Македонска брасонија“ е насловен концертот на Македонскиот брас квинтет што вечерва ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На репертоарот ќе бидат обработки на македонски традиционални мелодии, во арнажман на И.Еминовиќ и Г. Илијевски.

Почетокот на концертот е во 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Македонскиот Брас Квинтет е состав оформен во 2017 година како иницијатива за музицирање во најпознатиот формат за камерна музика за лимените инструменти.

Во составот членуваат: Драган Младеноски – труба (прва труба во Македонската филхармонија , долгогодишен член на Биг Бендот на МРТВ како и активен соработник на видни музички имиња како Кирил Џајковски и др.)

Aлександар Златески – труба (прва труба во Национална опера и балет, долгогодишен член на Градскиот оркестар Скопје и на Биг Бендот на МРТВ)

Антонио Костевски – хорна (прв хорнист на Национална опера и балет, поранешен прв хорнист на Софиската опера, како и постојан соработник на оркестарот ФАМЕС)

Димче Белчовски – тромбон (прв тромбон во Македонската филхармонија , доцент на Факултетот за музичка уметност-Скопје и професор по тромбон и туба во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“)

Мицко Дамњановски – туба (тубист во националната опера и балет, Хонорарен соработник во Македонската филхармонија, оркестарот на Црна Гора, ФАМЕС и др.

Во својата кратка, но богата историја, составот бележи повеќе настапи, од кои позначајни се : концертите во Њујорк во 2018 и 2019 година, концертот во Истанбул во 2021, во Софија,Бугарија во 2022, во Италија во 2023 и Париз 2024 повторно во Италија во 2025 година итн. Серијата концерти во Берово (Музеј на Берово), Кочани (Дом на Културата „Бели Мугри“) и Скопје (Мала Сала на Филхармонија), Штип, Неготино, Куманово итн. Репертоарот на Македонскиот Брас Квинтет се движе низ различни музички жанрови, од самба до филмска музика и од традиционална македонска народна музика до џез. Покрај концертите, квинтетот остварува и едукативни дружења, со цел запознавање и доближување на лимените инструменти до публиката. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Повторно функционира паркингот на кеј „Македонија“
Next Од полноќ намалување на цените на горивата

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.