Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Литературен и ликовен конкурс „Глас на хуманоста“ на Црвен крст Охрид

Литературен и ликовен конкурс „Глас на хуманоста“ на Црвен крст Охрид

1 min read
Литературен и ликовен конкурс „Глас на хуманоста“ на Црвен крст Охрид

Охрид, 29. април 2025 (ИНПРЕС) – Охридскиот Црвен крст објави литературен и ликовен конкурс на тема „Глас на хуманоста“.

Конкурсот е во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница – Програмата „Најди време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид.

Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца, како и други заинтересирани граѓани. Може да се учествува со: поезија, проза и ликовна уметност.

– Творбите се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, улица. Димитар Влахов бр. 52 или на мејл ohrid@redcross.org.mk. Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење, информираат од Црвениот крст.

Краен рок за доставување е 23-ти мај. Пристигнатите творби ќе ги разгледува и оценува стручна комисија, а наградените ќе бидат објавени на 26-ти мај.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28-ми мај во Црвен крст Охрид, со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охриѓанецот Леонид Тодороски освои бронзен медал на Балканска математичка олимпијада во Босна и Херцеговина
Next ЈП „Охридски комуналец“ oд 5-ти мај започнува со акциите за подигнување кабаст и зелен отпад

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.