Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мицковски: Сите објекти што не ги исполнуваат условите за работа ќе бидат затворени и санкционирани

Мицковски: Сите објекти што не ги исполнуваат условите за работа ќе бидат затворени и санкционирани

1 min read
Мицковски: Сите објекти што не ги исполнуваат условите за работа ќе бидат затворени и санкционирани

Скопје, 18. март 2025 (ИНПРЕС) – Во тек е акцијата на Државен пазарен инспекторат на цела територија на државата за анализа на сите субјекти кои се регистрирани како кабаре, дискотеки, ноќни клубови и слични објекти. Премиерот Христијан Мицкоски децидене дека ниту еден објект што не ги исполнува, како што стои според законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира.

– Согласно законот за угостителство, се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. Нивната бројка е многу поголема од тие кои имаат обезбедено законски документ. Во 2007-ма е сменет законот, во тие измени документите кои ги доставува правното лице кое бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што екс-официо не се проверени тие документи. Така што, овој објект од 500 и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре и да бара лиценца. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките сумата која треба надоместокот да се плати, е поголем од тие што се лиценцираат за кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува, како што стои според законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира. Со сиот ризик и критика која потоа Владата ќе ја трпи, изјави Мицкоски.

Тој изрази жалење што досега сето ова се толерирало.

– Жалам што луѓето во Министерството за економија дури кога ги добивале документите не ги проверувале. Жалам што за 15 минути за одредена сума, надомест се давани овие лиценци, додаде премиерот.

Потенцира дека со робусната акција сите кои не ги исполнуваат условите за работа ќе бидат затворени и санкционирани и апсолутно ќе се бараат законски измени за оваа сфера. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Андовски: 89 пациенти се хоспитализирани во Македонија, 76 се лекуваат во странство, засега состојбата им е стабилна
Next Таравари: Првите критични 72 часа поминаа без нови смртни случаи

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.