Скопје/Охрид, 1. јули 2025 (ИНПРЕС) – Од денеска стапи на сила целосната забрана на движење во шумите и шумското земјиште и ќе трае до 31. август.
– Целосната забрана за движење во шумите започнува од 1. јули 2025 година и ќе трае се’ до 31-ви август 2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, информираат од МВР.
Додаваат дека согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
