Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Општина Охрид поднесе 7 апликации на владиниот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, до 30-ти април ќе поднесат уште неколку

Општина Охрид поднесе 7 апликации на владиниот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, до 30-ти април ќе поднесат уште неколку

1 min read
Општина Охрид поднесе 7 апликации на владиниот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, до 30-ти април ќе поднесат уште неколку

Охрид центар кеј Македонија бродови катамарани сонце шетање по кеј Охридско Езеро стар град Охрид

Охрид, 24. април 2025 (ИНПРЕС) – Општина Охрид досега има аплицирано со 7 проекти на вториот јавен повик на министерството за локална самоуправа за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, информираа за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа.

Потенцираат дека генерално се работи за инфраструктурни, но и капитални проекти. Додаваат дека имаат уште проекти со кои ќе аплицираат, а кои моментално се ревидираат и се прават предмер пресметки.

– Колку од нив ќе успееме комплетно да ги завршиме до крајниот рок, 30-ти април, со уште толку ќе аплицираме до ресорното министерство, велат од Општина Охрид.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински информира дека вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера се доставени до архивата на ресорното министерство за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Потенцира дека 17 општини, меѓу кои и Општина Струга, воопшто немаат поднесено апликативни формулари.

Инаку, Општина Охрид на првиот објавен повик аплицираше со 10 проекти и сите беа одобрени. Сите се отпочнати со реализација, а некои веќе се во финална фаза. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охрид се поклони во чест на Христо Узунов
Next Детска театарска претстава „Плашливиот лав“ во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.