Охрид, 12. мај 2025 (ИНПРЕС) – Отворен инфо ден во седиштето на Црвен крст Охрид.
Наменет е за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид и Дебрца, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на општинската организација и како се станува волонтер на Црвен крст.
Отворениот инфо ден е во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (од 8-ми до 15-ти мај).
Покрај тоа, во текот на оваа недела се реализираа и ќе се одржат хуманитарни активности со наши сограѓани истакнувајќи нивни дела на хуманост кои можат да донесат значајни промени во животот на луѓето и во заедницата, како и работилници за дисеминација-ширење на знаењата за Црвениот крст за различни целни групи. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
