Охрид, 10. април 2025 (ИНПРЕС) – Библиотеката „Григор Прличев“ ќе биде домаќин на традиционалниот регионален натпревар „Млади библиотекари“.
Победникот од натпреварот во Охрид се стекнува со право на учество на републичкиот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во библиотеката „Кочо Рацин“ во Кичево на 7 мај, а е во организација на Библиотекарското здружение на Македонија.
Натпреварот ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
