Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Премиерно изведена „Вооружениот човек – Миса за мир” од Карл Џенкинс во склоп на одбраната на магистерската програма на диригентот Бурим Хидри

Премиерно изведена „Вооружениот човек – Миса за мир” од Карл Џенкинс во склоп на одбраната на магистерската програма на диригентот Бурим Хидри

Премиерно изведена „Вооружениот човек – Миса за мир” од Карл Џенкинс во склоп на одбраната на магистерската програма на диригентот Бурим Хидри

Охрид, 8. април 2025 (ИНПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ премиерно го изведе концертното вокално – инструментално дело „Вооружениот човек – Миса за мир“ од Карл Џенкинс, еден од најпопуларните, најизведуваните и најзначајните современи композитори.

Во уникатниот амбиент на црквата „Св.Софија“ хористите од охридскиот хор, како и од хорот „Про Арс“ од Скопје, во придружба на охридскиот камерен оркестар и солистите Стефани Дудиќ, Македонка Петреска, Дејан Симоски и Ѓоко Чеменкоски приредија уште една вечер за паметење.

Спојот на различните музички традиции и стиховите од многу делови на светот за да се покаже мултикултурализмот како мост за мир во светот звучеше моќно, искрено, еуфорично, но во исто време и емотивно што беше потврдено со долгиот аплауз и насолзените очи кај публиката.

Со ова дело диригентот Бурим Хидри успешно го одбрани магистерскиот испит од Втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност, на студиската програма композиција и диригирање, насока хорско диригирање, под менторство на професорот Сашо Татарчевски

Инаку, хористите периодов продолжуваат со редовните проби, се подготвуваат за организација на седмиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, како и за настапите на неколку хорски фестивали во и надвор од државата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Утре промоција на книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески
Next Промоција на книгата „Аз, буки, веди-Тајната на словото“ од Григор Костески

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.