Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Таравари: 12 пациенти си одат дома, еден од Белград се враќа на лекување во Македонија, 4-5 лица сѐ уште критични

Таравари: 12 пациенти си одат дома, еден од Белград се враќа на лекување во Македонија, 4-5 лица сѐ уште критични

Скопје, 25. март 2025 (ИНПРЕС) – Денеска од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 од вкупно 39 пациенти кои се лекуваат во клиниките по трагичниот настан во Кочани.

Во странство продолжуваат да се лекуваат 115 пациенти, од нив во критична состојба остануваат четири до пет пациенти, а добра вест е што еден пациент во текот на денот треба да биде вратен од Белград. Тој задолжително ќе биде хоспитализиран 24 часа, откако ќе биде направена тријажа, ќе биде сместен во некоја од клиниките.

– Хоспитализирани пациенти ќе останат само на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за токсикологија, а во старата градска болница ќе останат шест пациенти, вели Таравари.

Како што најави министерот, тим од Клиниката за пластична хирургија денеска веќе е во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.

Истовремено, рече дека веќе пристигнале понуди од неколку западноевропски земји за да ги примат потешките случаи и пациентите на кои ќе им треба подолгорочна рехабилитација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous На денешен ден Прличев се закити со „Ловоров венец“ за поемата „Сердарот“
Next Охридското Езеро денеска на кота од 693,20 м.н.в, 29 сантиметри под просекот за март

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.