Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Таравари: Состојбата на повредените во болниците е стабилна, сите пациенти од Кочани и Штип се пренесени во Скопје

Таравари: Состојбата на повредените во болниците е стабилна, сите пациенти од Кочани и Штип се пренесени во Скопје

1 min read

Скопје, 17. март 2025 (ИНПРЕС) – Сите пациенти кои се згрижени во болниците се во стабилна состојба. Вкупно се хоспитализирани 135 пациенти од кои 84 во земјава и 51 надвор од Македонија, истакна министерот за здравство Арбен Таравари по утринскиот состанок на кризниот штаб.

– За среќа сите пациенти кои се донесени во болниците се во стабилна состојба, како и оние кои беа испратени во странство. Но, има еден нов проблем. Пациенти кои не се јавиле вчера, денеска се пријавуваат и бараат помош. Јас сакам да испратап порака, сите кои биле таму да се пријават и да дојдат на преглед, рече Таравари.

Потенцира дека од вчера се преземени сите пациенти од Кочани и Штип и се пренесени во болниците и клиниките во Скопје.

– Во Клинички центар се 49 пациенти, во 8-ми Септемви 18 лица, во старата градска болница 17 лица, во Штип се пријавени двајца нови, кои вчера воопшто не се пријавени. Во странство, во Турција се испратени девет лица, Бугарија 14 пациенти, во Грција во Солун се пет, во Србија 17, и вчера уште двајца се упатени во Будимпешта, и во Литванија се упатени четири пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат упатени во Словенија двајца или четворица, за Хрватска ќе појдат уште четири, во Австрија шест и уште 12 пациенти ќе бидат испратени во Белград на ВМА, додаде Таравари.

Генерално најголем дел од пациентите се со изгореници, потоа со фрактури и неколку на дигестивна хирургија. Најголемиот дел се над 18 години, има само 7 малолетници.

Вели ситуацијата е комплетно под контрола и се очекува да има помалку компликации. Уште еднаш повика сите кои биле вклучени во трагичниот настан а не се јавиле и да имаат и да немаат симптоми да посетат барем матичен лекар.

Најави дека во текот на денов од министерството ќе излезат со броеви и лица за контакт за сите болници каде има сместено наши пациенти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата
Next Центарот за култура, театарот и библиотеката ги откажаа настаните предвидени за неделава поради трагедијата во Кочани

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.