Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Трајановски: Продолжува координацијата на активностите за  изградба на автопатот Кичево-Охрид со цел запазување на роковите

Трајановски: Продолжува координацијата на активностите за  изградба на автопатот Кичево-Охрид со цел запазување на роковите

1 min read
Трајановски: Продолжува координацијата на активностите за  изградба на автопатот Кичево-Охрид со цел запазување на роковите

Охрид, 21. август 2025 (ИНПРЕС) – Продолжува координацијата на активностите за реализација на проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид со цел запазување на роковите, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

По состанокот со изведувачите и надзорот, како и по увидот долж трасата заклучено е дека се работи на сите предвидени точки, со цел што побрзо да се созададат услови за ставање во функција на уште еден дел од трасата и тоа на потегот од Климештани до Охрид.

– Се асфалтира на главната траса, како и на пристапните патишта со цел да им се овозможи на локалните жители брз, лесен и безбеден пристап до нивните домови што се околу автопатот во изградба. Mинатата недела беше ставен под времен режим на сообраќај натпатникот кој е дел од патниот јазол Подмоље. Со тоа дополнително се созададоа услови за доизградба на десната коловозна лента од автопатот во зоната на патниот јазол, но и услови за изградба на рампа 1 која води од правец Струга кон Охрид и рампа 4 која води во правец од Кичево кон Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта очекува нивната изградба да се одвива брзо со што би напреднале работите за доизградба на клучката Подмоље, информира Трајановски.

Додава дека отпочнато е со асфалтирање и на паралелниот пристапен пат Требеништа-Подмоље-Охрид, кон населените места Горенци и Оровник и завршено е бетонирањето на потпатникот на делница 4 на 10 + 800 км меѓу Мешеишта и Требеништа.

– Со несмалено темпо се работи и на клучката Св. Еразмо, а во средишниот појас се поставува еластична одбојна ограда, додека во Требеништа се работи на потпатникот каде се прават потпорни ѕидови и интензивно работиме и на решавањето на приклучувањето на безниските пумпи.

Од почетокот на јули граѓаните, туристите и сите оние кои патуваат кон Охрид, возат по автопат од Врбјани до Ботун и по нов асфалт од Климештани до Охрид, вели Трајановски.

Очекувањата се наскоро да биде ставена во функција уште една делница со автопатско решение од Климештани до Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре започнува „Охрид Џез Фестивал 2025“
Next Водостојот на Охридското Езеро е на 21 сантиметар под просекот за август, температурата на водата е 23 степени

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.