Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре започнува манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“

Утре започнува манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“

1 min read
Утре започнува манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“

Пештани плажа Охридско Езеро

Охрид, 8. август 2025 (ИНПРЕС) – Утревечер од 20:30 часот започнува седмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“.

Со тоа продолжуваат традиционалните културни збиднувања во ова село.

– По седми пат го славиме духот на уметноста и традицијата во ова мало место на мапата, но големо по душа. Придружете ни се, инспирајте се, создавајте, велат организаторите.

Манифестацијата ќе се одржи во центарот на село Пештани, а присутните ќе уживаат во староградска музика, да ја видат живата традиција – замесување за свадба, а од повозрасните жители на селото ќе ги чујат спомените, легендите и вредностите поврзани со ова место. Предвидена е и промоција на книги и поезија од најмладите.

Од 10-ти до 13-ти август од 17:00 часот ќе се реализира уметничка работилница на која најмладите ќе сликаат под боите на зајдисонцето.

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение „Arte Azzurra“, со поддршка на Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре и задутре традиционална крводарителска акција за празникот „Св. Климент“
Next Расказот „Мизенабим“ најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.