Охрид, 18. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Актерите од охридскиот Народен театар започнаа со подготовка на нова претстава.
Во тек се пробите за премиерата на претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во режија на Сашо Миленкоски.
Ова е последна од трите претстави за која охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ за годинава доби финансии за реализација од министерството за култура.
Премиерата на претставата е планирана за 27-ми октомври.
Охридскиот народен театар постои полни 12 години. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
