Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Актерите од охридскиот театар подготвуваат нова претстава

Актерите од охридскиот театар подготвуваат нова претстава

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 14. март 2023 (ИНПРЕС) – Актерите од охридскиот Народен театар започнаа со подготовка на нова претстава.

Во тек се пробите за премиерата на претставата „Неразбраната цивилизација“ од авторот Добри Војников, во режија на Софија Ристеска Петрушева.

Ова е една од трите претстави за која охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ доби финансии за реализација од министерството за култура.

Покрај оваа за годинава се предвидени премиери на театарските претстави „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во режија на Сашо Миленкоски и „Серјожа е труп“ од Димитри Данаилов, во режија на Дејана Николовска.

В понеделник се одбележува Светскиот ден на театарот, па по тој повод од 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“, според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски. За оваа претстава периодов владее голем интерес, на репертоарот е и в петок, 17-ти март, но билетите се веќе распродадени.

Охридскиот народен театар годинава ќе прослави 12 години постоење. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МТСП: Новото мартовско усогласување на пензиите изнесува 8,4%
Next Битиќи: Засега намалувањето е многу мало, но на 16-ти март цените на тестенините и млечните производи ќе бидат според владините одлуки

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.