Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • АМСМ: Укината забраната за движење на камиони на Плетвар

АМСМ: Укината забраната за движење на камиони на Плетвар

1 min read
АМСМ: Укината забраната за движење на камиони на Плетвар

Охрид, 13. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин „Плетвар“ и на патот Делчево – граничен премин Делчево, а на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Активни се забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци: Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Струмица-Берово, Тетово – Попова шапка (за патнички возила задолжителна е употреба на зимска опрема), Струга-граничен премин „Ќафасан“, како и на планинските премини „Пресека“ и „Ѓавато“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: ИнПрес 

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец: Пред најавениот снежен бран, апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила
Next Македонија во ноември 2024 година ја посетиле 45.656 странски туристи, најмногу од Турција и Србија

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.