Охрид, 24. март 2026 (ИНПРЕС) – Охриѓанецот Миле Бежовски се соочува со тешко заболување на десниот бубрег, со исклучително намалена функција и подложен на постојани инфекции поради што е неопходен оперативен зафат (деснострана нефректомија).
Операцијата е потребно да се изврши во најкраток можен рок во здравствена установа во Скопје и истата чини 364.760 денари, средства што не е во можност да ги обезбеди.
– За жал со мојата минимална плата не сум во состојба да ги подмирам трошоците за операцијата и затоа, соочен со тешка борба за својот живот ве замолувам да ми помогнете со финансиски средства, според Вашите можности, стои во апелот.
Засега отворена е трансакциска сметка за донации во Комерцијална банка 300 027000815 179 на име Миле Бежовски. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
