Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бобан Мирковски утревечер ќе одржи концерт под небо од ѕвезди со одбрани хитови од 60-тите години па сé до 2000 на Долни Сарај

Бобан Мирковски утревечер ќе одржи концерт под небо од ѕвезди со одбрани хитови од 60-тите години па сé до 2000 на Долни Сарај

1 min read
Бобан Мирковски утревечер ќе одржи концерт под небо од ѕвезди со одбрани хитови од 60-тите години па сé до 2000 на Долни Сарај

Охрид, 4. август 2023 (ИНПРЕС) – Врвниот македонски пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „Албум“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано, овој пат во Охрид.

Утревечер во магичниот амбиeнт на „Долни Сарај“, под небо од ѕвезди, во пијано изведба публиката ќе има можност да ги слушне најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001 година. Концертот ќе започне во 22:30 часот.

Магијата ќе ја надополнат извонредните вокални изведби на Агни Авшар и Ања Митиќ како специјални гости на концертот.

– Целиот свој живот сум растен со нашата убава македонската забавна музика, таа е посебен жанр, не е поп-музика. Тоа е, буквално, наша автентична забавна музика, која остави голем траг кај многу генерации. Затоа ми беше многу голема желба да направам ваков албум, со веќе познати композиции. Направивме нови аранжмани, специјално правени за оваа пригода, дел се мои, дел на мојот татко Љупчо Мирковски, дел на мојот тетин Дамир Имери, на кои сум им неизмерно благодарен за целата поддршка што ми ја даваат, изјави Мирковски.

Инаку Бобан Мирковски потекнува од можеби најголемото музичко семејство на Балканот и е најмладиот потомок на Благој Петров- Караѓуле. Неговото музичко образование го комплетирал во 2015 година со пост-дипломските студии на ФМУ Скопје, во класата на проф. Александар Сердар од Република Србија. Сака да истражува и експериментира со музиката и жанровите, вљубеник е во музиката на групата Queen и секако во македонската музика. На неговиот последен албум, во издание на „Баги Комуникации“ се поместени дела од најпознатите композитори меѓу кои Славе Димитров, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов, Григор Копров, Влатко Стефановски, Кире Костов, Љупчо Мирковски, Димитар Масевски, Ванчо Димитров, Калиопи Букле, Дарио Панковски, Александар Митевски.

– Со нетрпение го очекувам охридскиот концерт, привилегија е да се музицира во амбиент каков што е Долни Сарај. Подготовките со Агни Авшар и Ања Митиќ се во полн тек и со сигурност кажувам дека тоа ќе биде ноќ за паметење, вели Бобан Мирковски.

Концертот е во организација на „Баги Комуникации“, а билетите можат да се набават на сервисот билети.мк. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Оперски рецитал во чест на празникот Св.Климент Охридски
Next Центарот за јавно здравје со апел надлежните да преземат мерки за решавање на проблемот со депонијата Буково

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.