Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Богата програма на годинашните Прличеви беседи

Богата програма на годинашните Прличеви беседи

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 1. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Бројни содржини се предвидени на годинашната традиционална манифестација Прличеви беседи, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на Григор Прличев.

Програмата започнува во сабота, 3-ти февруари, од 18:00 часот во кафе бар „Шила“, со поетскиот караван „Добри гости“- Серија книжевни гостувања низ Македонија.

Во понеделник, 5-ти февруари, од 11:45 часот ќе биде поставена изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во изложбениот салон, додека од 12:00 часот започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. Предвиден е настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“, обраќања на претставник на Центарот за култура и Општина Охрид претставување на наградената поема „Денес”, артистичка изведба на поемата, врачување на Повелбата за најдобра поема за 2023 и свечено обраќање на лауреатот Славе Ѓорѓо Димоски.

Следниот ден, на 6-ти февруари во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, во 10.30 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.

Од 11:00 часот во Спомен куќата на ловороносецот ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ во рамки на кои ќе биде изведена песната „1762 лето“ – Митко Кољушевски и Венко Пашовски. Свое обраќање ќе има градоначалникот Кирил Пецаков, ќе бидат врачени два примероци од книгата „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, отпечатена во Брајово писмо, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението за слепи лица од Охрид, како и наградите на провонаградените литературни творби на Литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“. По ова предвидено е читање на наградените литературни творби и промоција на книгата „Охридски поети“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев пред градската библиотека „Григор Прличев“, по што ќе се обрати Смиле Наумоски – член на Друштвото на писатели на Македонија.

Од 13:00 часот во Прличевата одаја на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи „Охридска визита“. Беседа за поетот и преродбеник Прличев ќе одржи проф. д-р Елизабета Шелева, по што ќе следи прогласување на добитникот на наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за 2024 од распишаниот конкурс: „Како против пизмата?“, обраќање на добитникот на наградата и културно – уметнича програма.

Програмата ќе биде заокружена со свечена приредба по повод патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци
Next Прекин во водоснабдувањето во населбата Коњско

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.