Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бројот на опслужени патници и летови на двата аеродроми во јануари ги надмина бројките од 2025 година

Бројот на опслужени патници и летови на двата аеродроми во јануари ги надмина бројките од 2025 година

1 min read
Бројот на опслужени патници и летови на двата аеродроми во јануари ги надмина бројките од 2025 година

Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“

Охрид/Скопје, 12. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Во јануари 2026 година, преку двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужени се 289.584 патници и 2.009 летови.

Во споредба со јануари 2025 година, патничкиот сообраќај се зголеми за 31%, додека бројот на летови се зголеми за 10%, што одразува стабилен раст од година во година и оперативна отпорност.

Согласно зимскиот ред на летање на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе се лета до 5 дестинации (Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген) со 3 авиокомпании. На 15 март Wizz Air најави укинување на линијата Виена-Охрид, но градов сепак ќе биде авионски поврзан со австриската престолнина бидејќи компанијата „Аустријан ерлајнс“ од 17 мај ќе лета од Виена за Охрид.

Од 17 март во летниот распоред, наместо од Австрија, Wizz Air ќе лета за Охрид три пати неделно од словачкиот главен град Братислава.

Од 30 март двата аеродрома ќе бидат поврзани со уште три нови дестинации. Од Меѓународниот аеродром во Скопје, Wizz Air ја враќа редовната линија до Будимпешта, а истиот ден отвора нова дестинација Неапол. Аеродромот „Св. Апостол Павле“ од Охрид ќе биде поврзан со Милано. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охридски крводарители и понатаму бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност
Next Во декември 2025 во Охрид издадени 8 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.