Софија, 11. мај 2015 (ИНПРЕС) – „Бугарија не треба да молчи за Македонија. Да не заборавиме дека Куманово е само на 70 километри од бугарската граница, изјави лидерот на бугарска партија, Красимир Каракачанов.
Тој додаде дека не треба да се заборави и фактот дека во Македонија живеат многу бугарски граѓани.
– Значи Бугарија треба да излезе со став против нападот на било која граница на било која држава и слични сепаратистички дејствија, вели Каракачанов.
Според него она што се случува во Македонија е последица на етничкото противење во земјата уште од 2000-2001 година, кога во Македонија имало граѓанска војна. (Крај)
извор: novinite фото: архива
