Охрид, 20. март 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва во 22:24 часот на северната хемисфера започнува пролетта.
Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21-ви јуни 2023 година, кога ќе започне летото. Во исто време, денеска на Јужната земјина полутопка почнува есента.
Сонцето денеска изгреа во 05:38 часот, а ќе зајде во 17:46 часот. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
