Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во недела аудиција за упис на нови членови во професионалниот детски хор „Бамбино“

Во недела аудиција за упис на нови членови во професионалниот детски хор „Бамбино“

1 min read

Охрид, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во недела од 18:00 часот ќе се одржи аудиција за прием на нови членови во професионалниот детски хор „Бамбино“.

Хорот почна да функционира од октомври минатата година, а го предводи професорката по солфеж и историја на музика, м-р Снежана Караџовска Попова.

– Доколку Вашето дете поседува исклучителен талент за пеење, чиста интонација и е на возраст од 6 до 14 години, хорчето „Бамбино“ е вистинското место. Со пеењето во хор, Вашето дете развива музички слух, чиста интонација, тимска работа, поголема самодоверба и чувство на припадност, порачуваат од хорот.

Аудицијата ќе се одржи во просториите на Касарна Хаб, а дечињата за пеење треба да имаат подготвено една едноставна песничка. Контакт телефон за пријавување: 076/499-588, Снеже. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Градоначалникот Пецаков по повод почетокот на учебната година: Образованието е клучот кој отвора нови врати, верувајте во своите способности
Next Тренчевска: Сите барања на пензионерите ќе се дискутираат во работната група, нема да има пензија под прагот на сиромаштија

Слични вести

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Во април во Охрид издадени девет одобренија за градба, во Струга едно, а во Дебрца ниедно

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.