Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Во сабота отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

1 min read
Во сабота отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Охрид, 3. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Во Црвен крст Охрид во тек се уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“ за деца на возраст од 3-5 години.

Во сабота, 7-ми февруари, во просториите на организацијата во периодот од 09:00 до 10:00 часот ќе се одржи отворен ден, каде ќе можат да се добијат детални информации за оваа програма.

– Искористете ја оваа единствена можност и овозможете вашето дете, преку игра, забава и дружење да ја развива и јакне самодовербата, да стекне вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и

одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно, велат од Црвен крст Охрид.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046/261 – 909 или 072/246 – 175, на мејл: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во четврток започнуваат годинашните Прличеви беседи
Next ООУ „Григор Прличев“ во петок ќе го одбележи патрониот празник

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.