Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Вучиќ на итни консултации во САД

Вучиќ на итни консултации во САД

1 min read

Белград, 12. април 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ заминува на итни консултации во Вашингтон, САД на покана на американскиот потпретседател Џо Бајден.

Западните дипломати во Белград ја оценуваат оваа посета како сигнал дека САД се плашат од зголемување на руското влијание врз Србија и воопшто на Балканот. Според практиката во меѓународните односи на Вашингтон, слична посета се планира обично помеѓу 6 месеци и 1 година напред, освен во вонредни случаи.

Поканата на Бајден му била предадена во четвртокот од страна на американскиот амбасадор во Белград, Мајкл Кирби. Вучиќ се очекува да пристигне во Америка во мај или најдоцна кон почетокот на јуни.

Локалните експерти сметаат дека една од причините за итната средба е и одлуката на српскиот претседател Томислав Николиќ да испрати српски војници на Маршот на победата кој ќе се одржи на 9-ти мај во Москва.

Српски „Блиц“ потсетува дека властите во Вашингтон веќе неколку пати изразија загриженост од зголемувањето на влијанието на Москва во регионот. Државниот секретар на САД Џон Кери неодамна рече дека Србија се наоѓа на „нишан меѓу Западот и Русија“. Во исто време американскиот сенатор Крис Марфи изјави дека „САД ќе сторат сè за да ја исфрлат Русија од Балканот“.

Од друга страна САД се задоволни од одлуката на Србија да се сврти кон нив во барањето алтернатива за „Јужен поток“, за што Вучиќ и Бајден веќе разговараа. Во САД се задоволни и од соработката меѓу Белград и НАТО во рамките на програмата „Партнерство за мир“. (Крај)

извор: Блиц фото: архива

Post navigation

Previous Тачи: Идејата за голема Албанија е смислена во Белград
Next Грчката влада – Грција не се подготвува за банкрот

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.