Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Градоначалникот Пецаков по повод почетокот на учебната година: Образованието е клучот кој отвора нови врати, верувајте во своите способности

Градоначалникот Пецаков по повод почетокот на учебната година: Образованието е клучот кој отвора нови врати, верувајте во своите способности

Охрид, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитки до првооделенците и до сите ученици по повод почетокот на новата учебна година.

Секој училишен ден нека биде ваша нова можност за откривање на светот и запознавање со себе си, порача Пецаков.

– Образованието е клучот кој отвора нови врати кон неограничени авантури, а сите вие поседувате моќ да постигнете големи нешта! Верувајте во своите способности и сигурен сум дека ќе ги остварите сите ваши цели. Читајте, пишувајте, истражувајте и растете, а се што ќе научите ќе ве направи посилни и подготвени за иднината. Чекорете смело и развивајте ги вашите таленти и вештини. Споделувајте знаење, поддржувајте се меѓусебно, сонувајте големи соништа и бидете инспирација за другите. Ви посакувам да уживате во секој момент на вашиот образовен пат, а ние секогаш ќе бидеме тука за да ве бодриме и да ве поддржуваме, вели Пецаков.

Додаде дека во насока на подобрување на условите за настава во изминатиот период биле реализирани низа инвестиции во училиштата, а и годинава е обезбедена финансиска поддршка за секое прваче и стипендии за сите истакнати ученици. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика: Започна Ohrid Jazz Festival
Next Во недела аудиција за упис на нови членови во професионалниот детски хор „Бамбино“

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.