Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 29. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот претседател Прокопос Павлопулос го потпиша денеска указот за одржување на референдум во Грција на 5 јули, на кој Грците треба да се изјаснат дали сакаат продолжување на програмата за помош на земјата, во замена за спроведување реформи и мерки на штедење, пишува ТАСС.
Одлуката за свикување на референдумот ја донесе грчкиот премиер Алексис Ципрас во ноќата меѓу петокот и саботата, со цел како што рече да им овозможи на Грците да го изнесат својот став по предложениот план од страна на кредиторите за помош на Грција.
Владата е должна на еден ваков „ултиматум да одговори со суверената волја на народот“.
Во меѓу време, поранешниот грчки премиер и лидер на опозициската партија Нова демократија, Андонис Самарас го повика Ципрас да го откаже референдумот и да се обиде да формира влада на национално единство.
Кредиторите ги прекинаа преговорите со Грција, откако Ципрас го закажа референдумот за 5 јули. (Крај)
извор: TASS/Focus фото: архива
