Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Денеска во Брисел преговори меѓу Белград и Приштина

Денеска во Брисел преговори меѓу Белград и Приштина

Брисел, 29.јуни 2015 (ИНПРЕС) – За помалку од седум дена, денеска во Брисел ќе се одржи втора средба на премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа, на која ќе продолжи дијалогот по нерешените клучни прашања, објавија белградските медиуми.

Вучиќ вчера во Белград изјави дека претстојните преговори нема да бидат ниту лесни, ниту едноставни, но дека ќе замине за Брисел со верба и надеж за постигнување договор.

Како што јави „Данас“, Вучиќ нагласи дека за Србија од суштинско значење е постигнување договор за формирањето на Заедницата на српските општини во Косово, како и за телекомуникациите, енергетиката и „Паркот на мирот“ во Косовска Митровица.

Американскиот амбасадор во Белград, Мајкл Кирби, пак, во интервју за Танјуг нагласи дека ако на денешниот дијалог меѓу Блеград и Приштина биде постигнат напредок, Европската комисија би можела да предложи отпочнување разговори по нова глава од преговорите за членство на Србија во ЕУ.(Крај)

извор:Плусинфо фото:архива

Post navigation

Previous Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Албанија
Next Водени топови ги растераа учесниците на Поворката на гордоста во Истанбул

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.