Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ДЗС: Подготовки за голема теренска вежба за шумски пожари во Струга во рамките на проектот „Forest Fire Struga“

ДЗС: Подготовки за голема теренска вежба за шумски пожари во Струга во рамките на проектот „Forest Fire Struga“

1 min read
ДЗС: Подготовки за голема теренска вежба за шумски пожари во Струга во рамките на проектот „Forest Fire Struga“

Струга, 27. март 2026 (ИНПРЕС) – На вториот завршен ден од конференцијата и работилницата во рамки на проектот „Forest Fire Struga“, беа отворени и дискутирани повеќе тековни прашања од клучно значење за подготовката на големата теренска вежба за заштита од шумски пожари, планирана за април 2027 година.

Заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кашмир Салиу, говореше за важноста од навремена и координирана институционална подготовка. Настанот се одржа во Општина Струга, каде што беше потенцирана улогата на локалната самоуправа како клучен носител на активностите.

Во процесот активно се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Општина Струга, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Царинската управа, како и Црвениот крст на Република Македонија и доброволните противпожарни друштва.

Секој од партнерите има специфична улога во подготовката и реализацијата на вежбата – од координација на локално ниво, преку управување со прекугранични процедури, до обезбедување логистичка поддршка и ефикасна комуникација меѓу домашните и меѓународните тимови.

Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари преку подобрена координација, обуки и практична проверка на подготвеноста на сите релевантни институции.

Во фокусот беше изработката на сценарио за големата теренска вежба, која ќе опфати реални ситуации со шумски пожари, вклучувајќи прекугранична соработка и мобилизација на ресурси.

Теренската вежба ќе се реализира на подрачјето на Општина Струга. Следува интензивен период на обуки и техничко опремување на пожарникарите и сите вклучени служби, со цел успешно реализирање на вежбата во април 2027 година. (Крај)

извор: ДЗС фото: архива

Post navigation

Previous „Филмовизија 3“ на охридските гимназијалци со хуманитарен карактер
Next Во сабота Лазарева поворка за првпат  во Охрид

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.