Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • До каде сме со културата на однесување и грижа за добрата?!

До каде сме со културата на однесување и грижа за добрата?!


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 8. февруари 2023 (ИНПРЕС) – И по којзнае кој пат отсуството или ниското ниво на култура на однесување и грижа за животната средина се покажа во пракса.

Искршени и превртени клупи, оштетени споменици, детски игралишта, дрвореди, расфрлано ѓубре, создадени вештачки депонии.

Но, ако вакви случки бевме навикнати повеќе да гледаме во текот на летната сезона, кога има и поголема фрекфенција на луѓе, се покажа дека и домицилното население знае да ја покаже „културата“ на дело.

Нема достапен опис

Кога нештото го немаме, критикуваме и бараме да биде поставено, за кога ќе се постави да го оштетиме. Пред само неколку дена беа украдени и искршени млади дрва на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ Горица, претходно за да не се гази и уништува зелениот дел на улицата „Македонски просветители“ беше поставена ограда.

Жално е што и по санирање на оштетувањето истото се повторува. Причината за ваквото поведение останува непозната, дали е покажување сила, оставање печат во друштвото, отсуство на култура на однесување и грижа за добрата и животната средина или е нешто друго.

Нема достапен опис

Во повеќе наврати се покажало дека кога сме надвор од државата знаеме да се однесуваме соодветно, да не фрламе отпад насекаде, одговорно да се однесуваме во сообраќајот, да не ги уништуваме јавните добра. Дали можеби казните, особено паричните, нé прават покултурни?!

Како и да е, ова е проблем на кој треба потемелно да се работи, во рамки на семејството, но и на институционално ниво. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Работилница за билки во организација на НП Галичица
Next Дубаи ќе добие хотел во облик на Месечината

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.