Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Државна лотарија: Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид и сакаше да остане анонимен

Државна лотарија: Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид и сакаше да остане анонимен

1 min read
Државна лотарија: Исплатена е добивката од 1,7 милиони евра, добитникот е од Охрид и сакаше да остане анонимен

Лото добивка Охрид

Скопје/Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Државна лотарија на Република Македопнија информираат дека е исплатена најголемата досега, рекордната 7-ка вредна 1.700 000 евра, или 109.012.304 денари.

Добитникот е од Охрид и веќе ги посетил нивните простории, но сакал да остане анонимен.

– Најсреќниот Охриѓанец ги посети просториите на Државна Лотарија и ни раскажа за својата убеденост дека еден ден ќе дoбие 7-ка на Лото, па редовно и упорно уплаќал по 10 комбинации и по еден Џокер или вкупно 330 денари по коло. Бројчињата често ги менувал, дел од свои среќни броеви, дел по сопствен случаен избор, а некои колони ги избирал со квик-пик. Токму 6-тата колона од среќното 64-то коло на Лото 7 носи 3 од неговите среќни броеви – 7, 10 и 31 и токму таа колона (7,10, 27, 31, 33, 35, 36) ја впиша во Охрид 7-ката на којашто долго време се надеваа лото играчите ширум земјата, соопштија од Лотарија.

– Иако на Лото може да добие и некој што случајно ќе уплати само 30 денари за една колона, јас бев упорен, на среќата мора и да ѝ се помогне. И сите што упорно и верно играат треба да добијат. Ете, сега било мојот ред. Сега сум јас како избран од среќата и награден за мојата упорност. Со среќата не се знае. Јас сум благодарен и на сите други играчи, сите учествуваа во оваа моја добивка. Јас нема јавно да ја споделам среќата, но дел по дел ќе ја делам. Сакам да останам анонимен, како што ќе бидат и моите донации за сите на коишто ќе им помагам, раскажал среќниот добитник.

Оваа 28-ма Лото 7-ка е прва во Охрид. Во историјата на игри на среќа на Државна лотарија, 7-ката 12 пати беше постигната во Скопје, петпати во Битола, по двапати во Кичево и во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци и Кочани. Првата седумка во историјата на оваа игра беше постигната на 5-ти септември 2011 година во Битола, а 27-мата 7-ка на 29-ти ноември 2022 година во Кичево, откога почна да се полни и да расте фондот за 7-ка за да го достигне досега најголемиот износ за премија од игра на среќа, во земјата. (Крај)

извор: бриф.мк фото: архива/бриф.мк

Post navigation

Previous Охридските болници за ортопедија и кардиологија се приоритет на регионот, нудат современ третман на услуги
Next УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена локална облачност и температура до 24. степени

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.